НЕ! ЗА УШТЕ ЕДНА ЖРТВА, СТОП ЗА РОДОВОТО И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО!

nenanasilstvoto

 

Женската граѓанска иницијатива АНТИКО во соработка со граѓанското здружение Мултикултура и канцеларијата на Европската унија во Македонија на петти декември 2014 година во СУГС „Арсени Јовков“ одржаа предавања под мотото „Не! За уште една жртва! СТОП за родовото и семејното насилство“. Учениците имаа можност да се запознаат за формите на семејното и родово насилство, но и да научат за мерките и механизмите за заштита од ваквите типови на насилство, кои во последно време земаат сѐ поголем замав. На предавањата учениците активно учествуваа и упатија јасна порака: „Извини нема да ја ублажи болката, бакнеж нема да ја покрие лузната, подарок, нема да ја врати самодовербата.

ЗАПРИ ГО СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО“. Ментор на оваа активност беше професорката по македонски јазик и литература, Марина Цветаноска.