МАРКЕТИНГ ИНИЦИЈАТИВА НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И ПРОГРЕС

proektMISOP

Економијата и правото се навистина интересени области за изучување. Ќе се уверите во тоа особено ако дојдете во скопското економско-правно училиште „Арсени Јовков“. А, можеби и дополнително ќе се заинтересирате за „Арсени Јовков“, ако дознаете за фактот дека ова е првото стручно и единствено училиште во Македонија што учествува во меѓународен проект за претставување на креативноста на учениците преку размена со ученици во странство и работа во интернационални тимови. Проектот насловен како Маркетинг иницијатива на ученици за професионална орентација и прогрес (МИСПОП) го раководи професорот Зоран Златковски.

Проектот МИСПОП е извонредна прилика да се претстават можностите и креативноста на учениците. Тој нуди нова димензија на современ начин и пристап на работа, така што покрај обработката на материјалот што се совладува на редовните часови, вклучува и други активности, медиуми и електронски алатки, преку кои учениците можат да ги преставуваат стекнатите знаења - изјави координаторот на проектот, професорот Златковски.