По повод 21март денот на екологијата, СЕПУГС „Арсени Јовков“ во соработка со Општина Бутел организираше настан во рамките на проектот „Онлајн со природата“. Темата која ја обработуваше настанот беше Здравјето и благосостојбата.
Настанот започна во 11 часот со настапот на децата од детската градинка „11 Октомври“ од Општина Бутел. После нивниот настап следеше обраќањето на градоначалникот на Општина Бутел, г-дин Велимир Смилевски после што следеше најавување на петте тимови кои имаа за задача да реализираат различни активности во врска со темата Здравјето и благосостојбата. За таа цел првиот тим, имаше вклучено 10 ученици кои пишуваа екопораки кои подоцна ги прочитаа, вториот тим облекоа залени маици кои им ги подари Општината Бутел и отидоа во екопатрола, делејќи флаери во врска со екологијата, третиот тим почна со цртање на екокодот на ѕидот од школото, четвртиот тим засади цвеќиња во дворот на училиштето и на крај петиот тим ја разубави целата манифестација со преубава ревија на модели од рециклиран материјал.
Откако тимовите започнаа со нивните активности, следеше презентација за чист воздух подготвена од ученици и професори.
После презентацијата започнаа предавањата од екомотиваторите, после што следеше дебата во која учествуваа ученици од СЕПУГС „Арсени Јовков“ и екомотиваторите заедно со Градоначалникот.
Пред крајот на настанот следеше забавниот дел, каде што учениците не забавуваа со модна ревија, музички настап и слично, и на крај настанот заврши со екогерила во која учениците заедно со останатите гости со пароли и зелени маици го заобиколија училиштето и направија заедничка фотографија пред нацртаниот екокод.