АНИМИРАНИОТ ФИЛМ „ПРИКАЗНА ЗА ЗМЕЈОТ“ ДОБИ СПЕЦИЈАЛНА ПОФАЛНИЦА, ВОН КОНКУРЕНЦИЈА

Ученици и наставници, претставници на над 30 училишта од повеќе градови од земјава ја исполнија салата на Кинотеката на Македонија во Скопје, на свеченото доделување на наградите од конкурсот „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“, кое се одржа на 7 мај 2015 година. Многу насмеани лица, весела атмосфера, но и неизвесност и исчекување: сите се прашуваа – кои училишта ќе ги добијат вредните награди на овој конкурс кој го спроведуваа Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, во соработка со Македонскиот институт за медиуми.

По обраќањето на Џевахире Пруси – Зајази во име на ПМИО и претставникот на жирито Јане Стефанов – следуваше моментот кој сите го очекуваа со нетрпение – доделувањето на наградите, пофалниците и признанијата.

Признанија за демонстрираниот ангажман им беа доделени на 26 средни училишта од цела Македонија, а специјална пофалница, вон конкуренција, му беше доделена на Средното училиште „Арсени Јовков“ од Скопје за извонредниот анимиран филм „Приказна за змејот“.

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација