Дебата со Претседателот на ЕП, Давид Сасоли

На покана од страна на амбасадорот на ЕУ за Македонија Самуел Жбогар, 5 ученика од различни наставни јазици и одговорниот наставник Жана Живадиновиќ учествуваа на промотивниот настан за отворање на Europe House на ден 4.11.2019 г.

Присутните имаа чест да дискутираат со амбасадорот на ЕУ, како и со почесниот гостин на настанот, Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли.

Учениците од СЕПУГС „Арсени Јовков“ ги покренаа прашањата за аерозагадувањето во Скопје, како и перспективата на младите по неотпочнувањето на преговорите за прием на Република Северна Македонија во Европската унија.

Овој настан беше искористен како уште една можност да се поттикне интеграцијата на учениците кои наставата ја следат на двата наставни јазика во училиштето дебатирајќи заеднички на теми од нивен интерес.

Видео материјалот од дебатата може да го погледнете тука.

 

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација