ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ
Со велосипедска парада Градот Скопје го одбележа 22 септември - Меѓународен ден без автомобили. Парадата започна во 12 часот на плоштадот Пела и продолжи низ центарот на градот: Плоштад Македонија – ул. „Македонија” – бул. „Димитрија Чупоски” – бул. „ВМРО” – бул. „Илинден”, а заврши во Градски парк кај Школка.
Карванот со велосипеди го предводеше градоначалникот Коце Трајановски, евроамбасадорот Ерван Фуере и министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи. Во парадата учествуваат и ученици од нашето училиште. Професор-ментор беше професорот по спорт и спортски активности Крсте Војнески.
Поважни линкови

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје
- ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
- Телефон: +389 (02) 2611-195
- Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com