Доделени признанија на наставниците на СЕПУГС „Арсени Јовков“ Скопје од Градоначалникот на Град Скопје

На 10.12.2019 г. во хотелот Холидеј ин се одржа промотивен настан за заеднички часови со ученици кои учат на различни наставници јазици, организиран од Град Скопје и Министерство за образование и наука, со поддршка од Проектот на USAID North Macedonia за меѓуетничка интеграција на младите во образованието и OSCE Mission to Skopje. Преку заедничките часови се подобрува меѓуетничката соработка и интеграција меѓу учениците од различни етнички заедници и се зајакнуваат нивните граѓански и демократски вредности.

На овој настан беа поканите наставниците кои држат заеднички часови во СЕПУГС „Арсени Јовков“: Жана Живадиновиќ, Аида Дурак, Енвер Ајдини, Маја Акимовска- Петровска, Верица Рабаџиска, Ханифет Мехмети, Шкодран Ебиби и Крсте Војнески и сите добија писмени признанија од страна на Градоначалникот на Град Скопје за учество и придонес во унапредувањето на меѓуетничката интеграција во образованието преку редовна реализација на заеднички наставни часови со ученици кои учат на различни наставни јазици во учебната 2018/2019 година.

Меѓу присутните на настанот беа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Ерик Јановски, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, како и претставници од образовните институции, ученици и наставници.

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација