Награди на општинскиот и регионалниот натпревар по англиски јазик за учениците на СЕПУГС „Арсени Јовков“

Тимот по англиски јазик и оваа година се врати со неколку награди од натпреварите организирани од страна на ЕЛТАМ, акредитирани од страна на Министерството за образование и наука за организирање на натпревари по англиски јазик за средни училишта.

На општинскиот натпревар кој се одржа на 20.3.2021 година, нашите ученици ги освоија следните награди:

  • Анастасија Исијановска, под менторство на проф. Убавка Исијановска, го освои третото место на општинскиот натпревар по англиски јазик за ученици од прва година.
  • Анеса Морина, под менторство на проф. Аида Дурак, го освои третото место на општинскиот натпревар по англиски јазик за ученици од трета година.
  • Адмир Хасановиќ, под менторство на проф. Жана Живадиновиќ, го освои третото место на општинскиот натпревар по англиски јазик за ученици од трета година.

На регионалниот натпревар кој се одржа на 17.4.2021 година, нашите ученици ги освоија следните награди:

  • Адмир Хасановиќ, под менторство на проф. Жана Живадиновиќ, го освои второто место на регионалниот натпревар по англиски јазик за ученици од трета година.
  • Анастасија Исијановска, под менторство на проф. Убавка Исијановска, го освои третото место на регионалниот натпревар по англиски јазик за ученици од прва година.

Сите натпревари, како и подготовките на учениците со своите ментори се одвиваа онлајн. И покрај отежнатите околности во време на пандемија и силната конкуренција од ученици од гимназиско образование чиј неделен фонд на часови по англиски јазик е поголем отколку во средните стручни училишта,  активот по англиски јазик докажа дека со посветеност и мотивираност возможни се успеси и во општообразовните предмети.

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација