КОНКУРС ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Како и секоја учебна година, така и оваа Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсeни Јовков“ распишува конкурс за упис на нови ученици. Во прва година ќе се запишат 535 ученика во 16 паралелки (263 ученика во 8 паралелки на македонски наставен јазик и 272 ученика во 8 паралелки на албански наставен јазик во образовните профили:

  • економски техничар
  • бизнис администратор
  • правен техничар

ШТО Е НОВО ВО УПИСОТ ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА?

Оваа година се отвора упис за образовната квалификација економски техничар - дуална паралелка на македонски наставен јазик во која учениците ќе имаат можност практичната настава да ја изведуваат во компаниите БОРМАК ДООЕЛ Скопје, ЕЛМАРК ДООЕЛ Скопје, ГРИН ИТ ДОО Скопје, УНИКА ад Скопје, КАМ, ДОО Скопје, Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија и други. Со запишување во оваа паралелка, учениците се стекнуваат со можност за стипендија од Министерство за образование и наука во износ од 3500 денари.

Прво пријавување:

14 јуни - 12.00 до 19.00 часот

15 јуни - 7.00 до 19.00 часот

16 јуни - 7.00 до 19.00 часот

17 јуни - 7.00 до 15.00 часот

Второ пријавување:

23 јуни - 7.00 до 19.00 часот

24 јуни - 7.00 до 19.00 часот

25 јуни - 7.00 до 15.00 часот

Ве очекуваме!

 

*Објавениот конкурс како и формуларот за пријавување може да ги најдете тука.

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација