Мултиетнички интегрирани спортски училишни тимови
И во учебната 2019/2020 година, како и во претходните, нашето училиште зеде учество во Училишните средношколски лиги: Одбојка машки и женски, Кошарка машки и женски, организирани од Град Скопје.
Одговорен наставник – тренер беше Шкодран Ебиби, наставник по спорт и спортски активности во СЕПУГС „Арсени Јовков“. Наставникот, како и изминатите години го афирмира училиштето на полето на спортските активности и огромна е неговата заложба за составување меѓуетнички интегрирани тимови од ученици кои наставата ја следат на различен наставен јазик. Преку спортот нашите ученици ги развиваат чувствата за солидарност, сплотеност и здружено работење.
На овогодинешните натпревари интегрираниот машки одбојкарски тим се пласираше во полуфинале, но поради пандемијата понатамошните натпревари не се одиграа.
Поважни линкови

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје
- ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
- Телефон: +389 (02) 2611-195
- Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com