Прво место за учениците од СЕПУГС „Арсени Јовков“ на конкурсот за Млади репортери за животна средина

Учениците од прва година (македонски и албански наставен јазик) од Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ го освоија првото место на конкурсот Проект „Мисија Воздух“- Млади репортери за животна средина, со нивната фотосторија „Смртоносни прошетки во Скопје / Shёtitjet vdekjeprurёse nё Shkup / Deadly walks in Skopje“.

На конкурсот се пријавија 11 средни училишта со вкупно 23 новинарски дела. За целите на конкурсот беше формирана жири комисија од ОХО која беше активно вклучена при изборот на најдобрите статии, фотографии и видеа. Комисијата се соочи со навистина тешка задача при изборот на најдобрите новинарски дела, но сепак мораше да ги одбере најдобрите од сите три категории во конкурсот (вкупно 3 новинарски дела). Според интернационалните критериуми, следниве новинарски статии се избрани како победници: во категорија фотографија - СЕПУГС „Арсени Јовков“ освои 1 место, а во категоријата видео освоивме 3 место.

Марија Тодоровска, Елдина Зеќировиќ, Никола Трпески, Елиза Реџепи, Николче Костовски, Тијана Мировска, Њихат Ибрахими, Нестор Стаматовски, Исидора Ѓорѓиевска, сите ученици од прва година, заедно со нивниот ментор Жана Живадиновиќ, наставник по англиски јазик, беа поканети на завршната манифестација за доделување на награди која се одржа на 30.11.2018 г. во Јавна соба. За оваа пригода учениците подготвија мултимедијална презентација на нивното дело на македонски и албански јазик во времетраење од 15 минути, а учениците поделија и изработените промотивни материјали на останатите училишта кои учествуваа на натпреварот.

Учениците ги потенцираа проблемите кои произлегуваат од аерозагадувањето, но и апелираа граѓаните да придонесат за намалување на загадувањето. Како потенцијални решенија на проблемот во коишто може да се вклучат сите граѓани, младите порачаа: да го рециклираме отпадот, да користиме велосипеди наместо автомобили, да засадиме дрвја наместо да ги сечеме.

Фотосторијата е продукт на десетина ученици од различни етнички заедници кои членуваат во заедничката училишна секција Social Hub, кои инаку учат на различни наставни јазици. Секцијата постои во училиштето од почетокот на училишната година и е поддржана од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, со цел да им овозможи на младите од различни етнички заедници подобро да се запознаат меѓусебно, да соработуваат и заеднички да создаваат продукти.

„Оваа награда е признание за вложениот труд на учениците и менторите за истражување, едукација, креативност и подобрување на меѓуетничката интеграција на младите во образовниот процес“, вели Жана Живадиновиќ.

Победничката фото-сторија на нашите ученици може да ја погледнете тука.

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација