Отворен ден

На 26.5.2021 г. Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ организираше отворен ден со цел да ја промовира новата дуална паралелка економски техничар, како и образовните квалификации кои ги нуди училиштето: економски техничар, бизнис администратор и правен техничар на македонски и албански наставен јазик.

Покрај изложениот труд на нашите ученици, на настанот беа поканети и присуствуваа правните субјекти со кои училиштето има склучено меморандуми за соработка за реализација на феријалната и професионалната практика, и тоа:

  • Комсија за хартии од вредност на Република Северна Македонија;
  • Уника ад Скопје,
  • КАМ доо
  • Бормак дооел Скопје
  • Елмарк дооел Скопје
  • ГРИН ИТ дооел Скопје

Деветтоодделенците кои го посетија училиштето на отворениот ден имаа уникатна можност да се запознаат со компаниите во кои ќе ја реализираат практичната настава и да добијат одговори на сите свои прашања во врска со нивната идна кареира и образовна квалификација.

Гости на настанот беа претставници од МОН и Општина Бутел, со што изразија поддршка за поттикнување на уписот во нашето средно стручно училиште.

Покрај галеријата, може да погледнете и два куси видео записа тука и тука.

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација