„Да заѕвониме за финансиска писменост“ (Ring the Bell for Financial Literacy 2021)

Пилот - проектот „Виртуелна берза“, чиј главен носител е СЕПУГС „Арсени Јовков“ под водство на Донка Ристеска, наставник по група економски предмети, а спроведен во соработка со Македонската берза АД Скопје, денес (7.10.2021 г.) беше и официјално промовиран во рамки на Иницијативата на Светската федерација на берзи „Да заѕвониме за финансиска писменост“ (Ring the Bell for Financial Literacy 2021), настан кој се одржа во Клубот на пратеници.

На настанот обраќања имаа министерката за образование и наука Мила Царовска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија - Нора Алити и главниот извршен директор на Македонска Берза - Иван Штериев. Свое обраќање имаше и нашата ученичка Тијана Мировска, како директен учесник во пилот-проектот развиен од училиштето.

Овој проект се реализираше минатата учебна година, а учениците имаа уникатна можност практично да го применат теоретското знаење стекнато во училница за:

  • значењето на пазарот на капитал,
  • улогата на пазарот на капитал,
  • улогата и задачите на Комисијата за хартии од вредност, Централниот депозитар, Македонска берза, и работењето на брокерските куќи,
  • електронскиот систем за тргување на Берзата - БЕСТ,
  • начинот на формирање на цени на хартиите од вредност,
  • типовите на инструменти со кои се тргува на Македонска берза,
  • основите на формирање и вреднување на портфолио,
  • тргување на Виртуелна берза со цел да оствари најповолно портфолио.

Особено сме горди што овој проект поттикна и најава за воведување на наставен предмет за принципите на функционирање на пазарот на капитал што во иднина би се изучувал во дел од средните училишта.

 

Фотографии, извор: https://www.facebook.com/carovska.mila/posts/984501432095898

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација