Посетна на Собрание на Република Северна Македонија

На ден 16. 9. 2019 г. 20 ученици од  IV година од паралелките на македонски и алабански наставен јазик го посетија Собранието на Република Северна  Македонија. Посетата се одвиваше во присуство на предметните професори Соња Миновска и Ганимете Речи Бислими и траеше од 9.30 до 12.00 часот.

Посетата беше однапред  договорена со соработникот за односи со јавноста на Собранието, Соња Стаменковска, и успешно реализирана според организацијата. Целта на посетата беше учество во активностите организирани по повод меѓународниот ден на демократијата од страна на Собранието на Република Северна Македонија. Посебен впечаток на учениците им остави излагањето на претседателот на Собранието како и учесниците од невладините меѓународни организации.

 

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација