ПРЕПОЗНАВАЊЕ И СПРЕЧУВАЊЕ НА НАСИЛСТВО И КОНФЛИКТИ ВО УЧИЛИШТАТА

Обуката за препознавање и спречување на насилство и конфликти во училиштатабеше организирана од страна на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ во Република Македонија, во рамките на проектот за Мировно образование, во која учествуваа професори од средните (мултиетнички) училишта во државата. Целта на обуката беше учесниците да се запознаат со причинителите на насилствата и конфликтите помеѓу учениците и учениците и учениците и наставниците. За таа цел основни задачи на обуката беа совладување на методите и начините за водење на правилна комуникација и за препознавање на комуникација која содржи насилство и конфликти. Друга задача беше запознавањето со методите и начините за препознавање и спречување на насилството. Претпоследниот ден од обуката беше посветен на Детските права и мировното образование, т.е. на начините за градење на мир во училиштата. Обуката заврши со истакнување на проблемите и можностите при градењето на мирот и училиштата. Со завршувањето на обуката беа дадени насоки за вклучување на средните училишта во програмата за Мировно образование, кои откако би го поминале вториот дел од обуката кој е предвиден за јануари 2014 година, предвидува активно вклучување на професорите-учесници во имплементацијата на оваа програма во нивните училишта. Учесници во обуката беа професорите: Ева Гаврил, Шенол Сулејмани и Сељајдин Ајдари.

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација