Признанија од Градоначалникот на Град Скопје

Како и за претходните две учебни години така и за учебната 2020/2021 година, наставницте на СЕПУГС „Арсени Јовков“ се одликувани со признанија за успешно реализираните заеднички часови на ученици кои наставата ја следат на различен наставен јазик.

Во услови на пандемија, на 3 септември, 2021 г. во Градскиот парк во Скопје свечено им беа доделени признанија на наставниците од средните скопски училишта од страна на Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Во учебната 2020/2021 реализирани беа вкупно 77 заеднички наставни часа, а вклучени беа 164 ученика од 8 паралелки (по 4 од секој наставен јазик). Наставниците по предметите англиски јазик Убавка Исијановска и Беса Кадриу Асани, германски јазик Ханифе Мехмети и Верица Рабаџиска, ликовна уметност Сашка Андреевска и Рејхане Барди, спорт и спортски активности Шкодран Ебиби и Крсте Војнески, во соработка со координаторот на училишниот тим за интеграција Жана Живадиновиќ, успешно ги реализираа планираните заеднички часови придонесувајќи за подобрување на интеграцијата на младите во образованието.

Овие заеднички часови продолжуваат и во учебната 2021/2022 година.

 

* Фотографиите во секцијата Галерија се преземени од официјалниот фб профил на Град Скопје.

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација