Прво место на државниот натпревар „Најдобар бизнис концепт“

Во периодот од 17.10.2019 г. до 13.11.2019 г. беше одржан националниот натпревар „Најдобар бизнис концепт 2019“ во организација на Македонија 2025, Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење – Скопје, Машински факултет – Скопје, Центар за развој на нови бизниси – УКИМ и Биро за развој на образованието, на кој учество зедоа 4 ученици од трета година, македонски наставен јазик под менторство на наставниците по економски предмети во СЕПУГС „Арсени Јовков“, Виолета Спасеска-Китановиќ и Маја Акимовска-Петровска.

На финалниот натпревар му претходеа повеќе активности како информативна сесија за наставници и ученици за поднесување на апликации, односно нашиот тим VOICES најпрво поднесe електронска апликација за учество во натпреварот. Откако беше прифатена нашата електронска апликација, следеше полуфиналниот натпревар кој се одржа на Машинскиот факултет во Скопје на 9 ноември 2019 година, а во кој учествуваа 16 тимови од разни училишта од државата. 

На овој полуфинален натпревар нашиот тим успешно го презентираше својот бизнис концепт пред десетчлената жири-комисија и успеа да се пласира во финалниот натпревар.

На финалниот државен натпревар секој од тимовите зборувајќи на англиски јазик, на свој начин ги претстави своите проекти пред жири-комисијата составена од македонски и странски претставници, по што следуваше соопштување на првонаградените тимови. Тимот VOICES од СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје го освои првото место со учениците Ренато Трајковски, Дамјан Николовски, Амир Шкриељ и Едвин Маслар, заедно со менторите Виолета Спасеска-Китановиќ и Маја Акимовска-Петровска. 

 

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација