РАЗВОЈ НА МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ КАЈ РОМИТЕ ЗА ЛОКАЛНИ ПРОМЕНИ

На ден 30.1.2020 година (четврток) во Хотел Карпош, се одржа дебатниот медиумски турнир, подржан од Еуротинк и Метармофозис, спроведен од Здружение за заштита и едукација на деца и млади Роми – Прогрес. 

На дебатниот медиумски турнир учествуваа ученици од средните училишта на Град Скопје. Победници на дебатниот медиумски турнир беа средношколците од  СЕПУГС „Арсени Јовков” кои го освоија првото место за најдобро аргументирање и дебатирање во турнирот организиран од Прогрес .

Резултати и ефекти:

  • Зголемување на нивото на медиумска писменост и критичка мисла кај младите Роми 

Конкретни цели:

  • Зголемување на знаењата и капацитетите на младите Роми за правилно користење на медиумските алатки за препознавање на лажните вести и развој на критичка мисла 
  • Поттикнување на медиумска култура за актуелизирање на Ромските проблеми и потреби на локално ниво преку креирање на дигитални решенија
  • Зголемено знаење и вештини кај 50 млади Роми околу медиумската писменост и принципите на критичкото размислување при градење на став 
  • Поголемо делување на младите во општината преку истражување и промоција на медиумската култура на локално ниво
  • Подигната свест кај Ромската јавност за правилно користење на социјалните мрежи, традиционалните медиуми и селектирање на релевантни и вистинити информации за спречување на манипулации

Одговорен наставник за оваа активност беше професорката по француски јазик, Стефанка Дуковска.

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација