Солидарни акции

Ученички иницијативи

Во периодот октомври - декември, 2021 г. учениците на СЕПУГС „Арсени Јовков“ - Скопје под менторство на наставниците по граѓанско образование Светлана Цветкоска и Расим Али организираа низа солидарни акции со кои сакаа да им помогнат на неколку свои соученици на коишто им беше потребна помош.

Оваа ученичка иницијатива започна преку активирање на Училишната заедница на која неколку ученици ги алармираа сите претседатели на паралелки за ситуација во која се наоѓаат две нивни соученички. Без размислување сите паралелки се вклучија во итна солидарна акција на која се собраа материјални средства и им беа доделени на семејствата на соученичките. Но, солидарните ученици не застанаа тука. Побараа соработка со Црвениот крст кој се вклучи во акцијата и донираше пакети со помош. Потоа, учениците одлучија да организираат уште една завршна акција - Хуманитарен предновогодишен базар кој истовремено се искористи за промовирање на Денови на граѓанско образование, но најважно - беа промовирани вредностите за кои сите се залагаме - хуманост и солидарност.

Важно е да се напомене дека целиот овој период учениците од двата наставни јазика во училиштето соработуваа беспрекорно и имаа иста цел, а дополнително важно е што го активираа и Советот на родители во училиштето кој исто така се вклучи донирајќи значителни финансиски средства.

Биди другар(ка) - подај рака!

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација