Трето место на натпреварот „Европски квиз на пари“

Главна цел на оваа активност беше учество на националниот и меѓународниот натпревар  „Квиз на пари“,  кој е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на подобрување на финансиската едукација односно финансиската писменост на учениците од 13 до 15 години.

Овој натпревар на кој нашето училиште го претставуваа 3 ученици од трета година, македонски наставен јазик, под водство на наставниците по економски предмети Виолета Спасеска-Китановиќ и Сузана Станковска беше организиран од МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА во соработка со Народна банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија во периодот од 1.2.2020 до 3.7.2020 година.

Натпреварот оригинално требаше да се одвива во две фази, првата е национален натпревар во организација на националните банкарски здруженија, а втората е финалниот натпревар на Европскиот квиз на пари во Брисел на кој во живо ќе се натпреварува победничкиот тим од секоја држава.

Учениците секојдневно беа подготвувани за националниот натпревар, во просториите на училиштето, но поради пандемијата со Ковид – 19, подготовката продолжи онлајн, преку платформата Kahoot!. Учениците стекнаа знаења за финансиска писменост, банкарство, пари, осигурување, хартии од вредност, инвестициски фондови, органите на Европската Унија, пензиски фонд, математички задачи поврзани со банкарство и осигурување. 

Националниот натпревар се одржа и во други 29 земји.

Европскиот квиз на пари во услови на корона криза  се спроведе на начин различен од претходно утврдениот, односно секој ученик се натпреваруваше од својот дом преку електронската платформа Kahoot! со емитување на натпреварот преку официјалниот канал на Kahoot! на YouTube.

Нашите ученици постигнаа извонреден успех на натпреварот. Ива Спасенцовска го освои третото место во конкуренција на 600 учесници, Стефан Петрушевски осмото место, а Сара Елмазовска десеттото место.

На 3.7.2020, учениците учествуваа и на Меѓународниот натпревар, каде покажаа извонредно знаење и покрај тоа што квизот се одвиваше на англиски јазик.

 

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација