ТРИБИНА НА ТЕМА „РОДОВО ЗАСНОВАНО НАСИЛСТВО И МЛАДИ“

Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ во соработка со Град Скопје и Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА, на 7.12.2018 г. организираше 2 трибини на тема „Родово засновано насилство и млади“ во рамките на проектот "Советувалишта за превенција од употреба на дроги и семејно насилство", а како дел од глобалната кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“.

На трибината говореше обучувач од Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА. Пристуни беа ученици кои наставата ја следат на двата наставни јазика во училиштето, со што уште еднаш училиштето се заложи за интегрираност помеѓу учениците од различни наставни јазици.

Трибината се одвиваше на македонски јазик, а училиштето обезбеди и превод на албански јазик во интерес на учениците кои наставата ја следат на албански јазик. Одговорни наставници за овој настан беа Жана Живадиновиќ, наставник по англиски јазик и Теута Хисени, наставник по албански јазик и литература. На овој настан учество зедоа околу педесетина ученици од различни етнички заедници од III и IV година во училиштето.

Учениците имаа прилика да се запознаат со видовите на насилство, степенот на изложеност на насилство и начини за справување и барање помош во такви ситуации.

Училиштето и понатаму ќе создава простор за мултиетничка интеграција и меѓукултурна соработка на учениците во секоја укажана прилика со цел да ја подобри интеграцијата и во и вон наставниот процес кој го организира.

 

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација