ВКЛУЧИ СЕ, ПРЕПОЗНАЈ, ДЕЛУВАЈ!

Здружението на граѓани „Младите можат“ во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер, заедно со младите од СЕПУГС „Арсени Јовков“ започна со имплементирање на проектот „Вклучи се, препознај, делувај!“.

За таа цел на 6, 7 и 8 април беа одржани работилници на кои се работеше на зближување на учениците од различни етнички и религиски заедници, зголемување на мотивацијата и компетенцијата кај младите. На тридневните обуки совладуваа алатки како тие да станат активни во својата заедница прифаќајќи ги вредностите на ЕУ во однос на граѓанското вклучување, едукација и волонтеризам.

Во текот на месец април и мај младите од СЕПУГС „Арсени Јовков“ добија можност директно да работат на решавање на проблемите кои тие самите ги детектираа за време на тренингот. На овој начин учесниците ќе можат да ти применат вештините кои ги стекнале и да влијаат на локално ниво.

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација