ХУМАНИТАРНА ПРОДАЖНА ИЗЛОЖБА НА КУКЛИ ВО НАРОДНИ НОСИИ

На 12 декември, 2014 г. во фоајето на Драмски театар се одржа Хуманитарна продажна изложба на кукли во народни носии, изработени од учениците со помош на професорката по македонски јазик и литература Розита Закева, под мотото „Традиција преточена во хуманост“. Проектот е финансиран од Министерството за култура, а поддржан од СУГС „Арсени Јовков“. Средствата собрани од овој настан беа донирани на Детската клиника во Скопје.

Целта на проектот е преку запознавање со фолклорот, традицијата и обичаите да се зачува и негува идентитетот на македонскиот народ, а тоа е македонскиот јазик. Истовремено ги насочуваме младите кон хуманоста и општествена одговорност.

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација