Заедно можеме сѐ
Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ на 6 јуни, 2019 г. во 15.00 часот, во просториите на ЕУ Инфо центар, организираше промоција на краток филм со тема мултикултурализам и меѓуетничка интеграција во образованието, под мотото Заедно можеме сѐ. Sëbashku mund të bëjmë gjithçka. We can do everything together.
На настанот присуствуваа заминик-министерот за образование Петар Атанасов, директори на средни училишта на Град Скопје, претставник од Првата детска амбасада Меѓаши, претставник од БРО, наставници, родители, ученици и наставници од основните училишта во Општина Бутел и други гости.
Целата на овој настан беше да се промовира училиштето и да се даде придонес во процесот на интегрираното образование и меѓуетничката интеграција во образовниот процес. На настанот им беше доделена благодарница на Првата детска амбасада Меѓаши од страна на СЕПУГС „Арсени Јовков“ за несебичниот придонес и поддршка на учениците од нашето училиште во изминатите години.
Поважни линкови

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје
- ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
- Телефон: +389 (02) 2611-195
- Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com