Започна реализацијата на феријалната практика за учебната 2020/2021 година

На 1 јули, 2021 година започна реализацијата на феријалната практика за учебната 2020/2021 година. Феријалната практика е во времетраење од 10 работни дена и е задолжителна за сите ученици од прва и втора година. Оваа учебна година феријалната практика се реализира во периодот од 1 јули до 31 август, 2021 година.

СЕПУГС „Арсени Јовков“ соработува со преку 20 компании соодветни за економска, правна и трговска струка во кои учениците имаат можност практично да го усовршат она што го учеле во текот на наставната година. Компаниите се поделени во неколку сектори, и тоа: јавен сектор, трговско-услужна дејност, сметководствени бироа и адвокатски канцеларии.

Првите впечатоци на учениците и на работодавачите се одлични. Во продолжение погледнете дел од фотографиите од првиот ден на реализација на феријалната практика.

 

Документи

Галерија

Logo

СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје

  • ул. „Ќемал Сејфула“ бр. 35, нас. Бутел 1000 Скопје, Македонија
  • Телефон: +389 (02) 2611-195
  • Е-пошта: arseni_jovkov2004@yahoo.com

Мапа со локација