Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на СУГС „Арсени Јовков“, Јованка Аспровска, на 19.10.2015 година го пуштија во употреба новиот котел на гас во СУГС „ Арсени Јовков“.
„Денеска на почетокот на грејната сезона ги пуштаме во употреба котелите на гас во СУГС „Арсени Јовков“, каде што учаат околу 2.000 ученици, дел од проектот за гасификација на две училишта. Според пресметките, се очекува да се заштеди околу 50% од финансиските средства кои се трошеле за греење и повраток на инвестицијата за околу 4 години, истакна градоначалникот Трајановски.
Со реализација на овој проект Градот Скопје придонесува за подобрување на еколошката состојба на градот, затоа што ќе се замени користењето на течното гориво (масло за домаќинства, мазут) со природен гас, со целосно елиминирање на емисија на сулфур двооксид и саѓи, големо смалување на азотните оксиди и значително намалување на емисијата на јаглеродиоксид.

