Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ постои веќе 62 години. Во него се образуваат кадри во две насоки: деловен секретар и економски техничар. Наставата се изведува во две смени на македонски и албански наставен јазик.
 
СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје е еден од најголемите регионални центри за средно стручно образование во Република Северна Македонија. Од своето формирање од 1963 година до денес училиштето прерасна во едно од најпрестижните училишта во областа на стручните образовни кадри. Во нашето средно училиште имаат матурирано повеќе познати личности, на кои сме посебно горди. 
Години
1
Ученици
1 +
Паралелка
1
Вработени
1 +

Мисија

Наша заложба е да ги едуцираме, оспособиме и да им овозможиме на сите ученици да се изградат во свесни, одговорни и самомислечки индивидуи кои ќе стекнат знаења, вештини и ставови да го менуваат општеството во кое живееме. Училиштето овозможува образовна платформа за интеркултурна комуникација, поттикнувајќи заемна почит помеѓу различните култури.

Визија

Училиштето постојано ќе настојува да овозможи висококвалитетна настава, инвестирајќи во професионалниот развој на своите вработени, со цел да го поддржи образовниот успех и социјалниот, емоционалниот и физичкиот развој на сите ученици согласно нивните можности и потреби.

Наставата ќе биде фокусирана на учениците и нивниот индивидуален потенцијал, поттикнувајќи критичко мислење, информираност при процесот на одлучување, етичко однесување, зголемена мотивација, прифаќање на различностите и нулта толеранција за насилство и дискриминација.

Материјално - технички услови за остварување на воспитно-образовната работа

Училиштето располага со простор и опрема кои ги задоволуваат стандардите за квалитетно изведување на наставата според наставните планови и програми кои се изведуваат во училиштето. Трендот на доопремување на училиштето со потребна опрема за изведување на теоретска и практична настава нема да застане, напротив, училиштето и понатаму ќе настојува преку сопствените и други средства да го доопремува и осовременува. Оваа учебна година наставата ќе се изведува во училници со цел да се зачуваат компјутерите и училишниот инвентар од оштетување.

Бесплатните учебници кои ќе бидат добиени за учениците од Владата на РСМ, ќе бидат распоредени на секој ученик поединечно.

Годинa на градба
2026
Површина
1 м2
Двор и терени
1 м2