НИЕ СМЕ НАЈДОБРИ

Проектот „Ние сме најдобри“  се одржа во корелација со Центарот за креативен развој, Град Скопје, OSCE во Скопје и Универзалната сала од Скопје. Со реализацијата на овој најголем средношколски фестивалски АРТ – проект учениците ги стимулираа и анимираа своите креативни капацитети.

Од нашето училиште учествуваа голем број ученици со мешан етнички состав. Овој настан се одржа на 13.12.2014г. и учениците се натпреварува во категориите: музика, театар, филм, фотографија, мода и танц. За секоја од категориите учениците посетуваа разновидни, интересни, корисни и практични обуки, предавања и работилници со реномирани истакнати и препознатливи домашни артисти. Во категоријата фотографија учествуваа учениците: Оља Мајнова, Ивана Андреева и Един Халим. Учениците освоија прво место на тема “Сите во акција за безбедни училишта”. Во категоријата музика учествуваше ученикот Иван Серафимовски како соло изведувач; Во категоријата танц учествуваа учениците: Јован Стојановски, Анес Љата, Елена Велкова и Марија Петревска; Во категоријата театар учествуваа учениците: Вероника Ивчева и Мартина Павличков со драмата “Пиреј”.  Одговорен ментор за сите активности беше професорката Даниела Николовска.

НА 12 АПРИЛ ВО 12 ЧАСОТ СИТЕ ВО ГРАДСКИ ПАРК

Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ оваа година прославува 130 години од раѓањето на својот патрон Арсени Јовков и 50 години од постоење на училиштето. Од формирањето, па до денес, училиштето исшколува над 70.000 економски техничари, биротехничари и дактилографи и деловни секретари кои успешно се вклучија во нашето општество како вработени или го продолжија своето образование на факултетите.
Својата успешна работа и своето постоење ќе го одбележиме со музички хепенинг под мотот МЛАДОСТА Е МОЈАТА РЕЛИГИЈА на 12 април (сабота) од 12 – 14 часот во Градскиот парк, локација Школка. Ќе настапуваат бендови од школото кои ќе пеат на македонски, албански, ромски и турски.
На овој начин сакаме да го поттикнеме соживотот меѓу сите заедници во државава, да испратиме порака за соживот и да покажеме дека музиката и младоста не познаваат разлики.

БРОНЗЕН МЕДАЛ ВО ВИТРИНИТЕ НА „АРСЕНИ ЈОВКОВ“

Во салата Расадник во Кисела Вода, ечеше публиката која во текот на целиот натпревар ја бодреше екипата на Арсени Јовков. Ова е голем успех за нашето училиште, кое во витрините донесе нов медал

Со колку голем ентузијазам беше организирана оваа учебна година од професорите по спорт и спортски активности, докажува и фактот што СУГС “Арсени Јовков”, не пропушти ниту едно полуфинале, во натпреварите организирани во фудбал,кошарка, одбојка.

Машката екипа предводена од професорот Марко Бајевски ја совлада екипата на СУГС “Кочо Рацин”, со убедливи 7-3 и ја зацврсти третата позиција на ниво на град Скопје. Во салата Расадник во Кисела Вода, ечеше публиката која во текот на целиот натпревар ја бодреше екипата на Арсени Јовков. Стрелци на головите за победничката екипа беа – Кривањева Бесарт (2), Растодер Един (1), Мустафа Артан (4). Ова е голем успех за нашето училиште, кое во витрините донесе нов медал.

За екипата настапуваа – Кривањева Висар, Растодер Един, Попзлатанов Јован, Селмани Џеват, Мустафа Артан, Кривањева Бесарт, Укшини Дионис и Реџалари Амар.

Екипата упати голема благодарност до сите другари, професори, но посебна благодарност и до директорката на училиштето, госпоѓа Јованка Аспровска, која ги поддржуваше нашите фудбалери.

Пишува – Алмин Смајовиќ III-11