.

Проект МИСПОП

 

МАРКЕТИНГ ИНИЦИЈАТИВА НА УЧЕНИЦИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И ПРОГРЕС ОПИС

 mispop

 

ГЕНЕРАЛНА ЦЕЛ

РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ИНОВАТИВНО ОДНЕСУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИ И УЧЕНИЦИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПЛАТФОРМА ВО КОЈА УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ ВО УЛОГА НА МАРКЕТИНГ МУЛТИПЛИКАТОРИ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ВЕШТИНИ, ИСКУСТВО И ЗНАЕЊЕ ВО ТЕКОТ НА ЕДУКАТИВНИОТ ПЕРИОД, КОРИСТЕЈЌИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ЗА РАЗМЕНА НА ДОБРИ ПРАКТИКИ, А НАСТАВНИЦИТЕ ВО УЛОГА НА МЕНТОРИ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА УЧЕНИЧКИОТ НАПРЕДОК

СЕПУГС Арсени Јовков - Скопје во овој период реализира двегодишен проект од програмата Еразмус + во клучна акција КА2, стратешки партнерстава во стручно образование.

СЕПУГС Арсени Јовков - Скопје е прво и единствено стручно училиште во Р. Македонија кое спровердува ваков проект во улога на лидер - апликант. Во партнерството учествуваат уште три институции од кои две училишта, и тоа:

  1. Катедралескол Гимле од Кристијансенд од Норвешка и
  2. Гимназијата Адолфо Сапока од Утена од Литванија, како и
  3. ИФТЕ - Тренинг центар за претприемништво од Виена, Австрија.

МИСПОП прокет е за учениците да направат обединување на знаењето, практиката и информатичката технологија, насочено кон препознавање на личните можности и афинитети, што ќе придонесе за нивната професионалната ориентација и напредок.

МИСПОП прокетот опфаќа три сегменти во кои рамноправно учествуваат сите партнетри.

Прво, изработка на интелектуални излези, како што се методологија за поттикнување на креативноста на наставниците и учениците, наставен материјал за иновации и претприемништво, водич за изработка на бизнис план и модуларен курикулум за краток курс за маркетинг.

Второ, реализација на обуки и промотивни наставни за ученици и наставници од партнерските организации, кои ќе се остварат во земјите на партнерите.

Трето,креирање на WEB сајт What I Know - What I Can,од страна на вклучените ученици од партнерските училипишта, на кој ќе бидат претсавени кратки видеа на нивните знаења, вештини и способности.

Во месец март 2015 г. беше спроведен тренинг на наставниците од партнерските училишта во МИСПОП проектот во Виена, Австрија. Според програмата, се реализираасерија семинарии работелници во ЕРСТЕ банк, Шумпетер бизнис академија, Универзитетски наставнички колеџ, Бизнис Инкубатор Виена и Виена бизнис училиште.

МИСПОП проектот е извонредна прилика да се претстават можностите и креативноста на учениците. Тој нуди нова димензија на современ начин и пристап на работа, такашто покрај обработката на материјалот што се совладува на редовните часови, вклучува и други активности, медиуми и електонски алатки, преку кои учениците можат да ги преставуваат стекнатите знаења.

Работата во интернационални тимови во рамките на проектните активности на МИСПОП е основната спрега околу која се разменуваат искуставата и се поттикнува креативноста на учениците во насока на примена на знаењата и градење на професионалчен однос кон работата.

 

СТРУКТУРА НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

1. ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СОСТАНОЦИ

2. ИНТЕЛЕКТУАЛНИ АУТПУТИ

3. ОБУКИ

-          ЗА НАСТАВНИЦИ

-          ЗА УЧЕНИЦИ

4. НАСТАНИ И КОНФЕРЕНЦИЈА

Марија
Дренковска - Стојановска

 

BRO-baner-14a

 

matura-baner-14

 

2 Logo DIC

 

CSOO-14-web

 

header-mk

 

 

fb