.

ТВОРИМЕ СОЗДАВАМЕ И ЗБОРУВАМЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

pretstavamakedonskijazik

Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ на 12.12.  во 12 часот во Драмскиот театар, ја организираше Четвртата традиционална претстатава Твориме создаваме и зборуваме на македонски јазик под мотото Традицијата, фолклорот и обичаите наше културно наследство.
Нашите предци ни оставија во аманет да ги чуваме и негуваме нашата култура, традиција, обичаи, но и македонскиот јазик. Во програмата беа опфатени повеќе сегменти од јазикот и неговата употреба, преку соодветни драматизации и тоа: македонскиот јазик во македонската поезија, музика, македонската народна литература, во практиката и користењето на јазикот во секојдневната комуникација.


На сцената беше прикажана театарската претстава „Итар Пејо, селаните и инвеститорот“, по текст и режија на професорката Розита Закева, а во изведба на театарската дружина на училиштето.
Се читаа народните мудрости од македонската народна литература, се пееја македонски народни песни, се читаа антологиските песни од македонската поезијата „Т’га за југ“ и „Тешкото“.

Марија
Дренковска - Стојановска

 

BRO-baner-14a

 

matura-baner-14

 

2 Logo DIC

 

CSOO-14-web

 

header-mk

 

 

fb