.

ПРОЕКТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

 

USAID

Во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, во СЕПУГС „Арсени Јовков“ се организираше вториот отворен дел од мултиетничката работилница на тема "United we stand, divided we fall" која се одржа на 04.03.2015 со почеток во 13:30.

Целта на работилницата е да се поттикне и зголеми интеракцијата и соработка помеѓу различните етнички групи застапени во училиштето истовремено насочувајќи ги учениците кон што поголемо проактивно вклучување во општествените теми кои се од заеднички интерес.

Одговорните професори беа Жана Живадиновиќ и Еневер Ајдини во соработка со триесетина ученици од училиштето кои наставата ја посетуваат на двата наставни јазика застапени во училиштето.

 

Притоа се реализираа 4 мини-работилници под работни наслови:

- Музичка конекција;

- Љубовта е посилна од омразата,

- Да ја спасиме нашата планета и

- Стоп за насилството во училиштата.

Заеднички научивме дека и покрај сите различности, ние сме еднакви и само сложно и солидарно може да чекориме напред кон нови успеси.

Марија
Дренковска - Стојановска

 

BRO-baner-14a

 

matura-baner-14

 

2 Logo DIC

 

CSOO-14-web

 

header-mk

 

 

fb