БЕСПРЕКОРНА ИГРА НА ФУДБАЛЕРИТЕ ОД “АРСЕНИ ЈОВКОВ“
Машката фудбалска екипа на “Арсени Јовков“ предводена од професорот Марко Бајевски ги руши сите рекорди. Во групната фаза со максимален број бодови, екипата на “Арсени Јовков“ се пласираше во четвртфиналето на турнирот каде што учество земаа сите средни училишта на Град Скопје.
Нашата екипа силите ги одмери со СУГС “Орце Николов“, момците одиграа извонредно и не дозволија изненадувања. Една од подобрите екипи падна со резултат од 5:1.
Во полуфиналето поразена е респектабилната екипа на “Кочо Рацин“ со резултат од 3:1. Со двата гола на Артан Мустафа и еден гол на Един Растодер, екипата на “Арсени Јовков“ се пласираше во големото финале на Град Скопје. Вредно е да се напомене дека во финалето екипата на „Арсени Јовков“ ќе ги одмери силите со средношколците на фискултурното училиште “Методи Митевски – Брицо“.
Професорот Марко Бајевски е задоволен од досегашната игра на своите фудбалери, но смета по неправдата на одиграниот турнир во Куманово сега е време за “слатка одмазда“.
За екипата на “Арсени Јовков“ во групната фаза, па сѐ до полуфиналето играа – Висар Кривањева, Нуредин Муслији, Растодер Един, Јован Попзлатанов, Емир Смајовиќ, Артан Мустафа, Џеват Селмани, Стефан Коцев и Един Јуковиќ.
Ова е шанса која не смее да се прокоцка, овој тим заслужува прво место, бидејќи е сосема видлива ангажираноста на учениците (фудбалери) и професорот Марко Бајевски.
Салата во Расадник за време на финалето треба да биде пополнета до последно место од другари, родители и соученици на фудбалерите на “Арсени Јовков“.
Пишува: Алмин Смајовиќ – IV 11