АНИМИРАНИОТ ФИЛМ „ПРИКАЗНА ЗА ЗМЕЈОТ“ ДОБИ СПЕЦИЈАЛНА ПОФАЛНИЦА, ВОН КОНКУРЕНЦИЈА
Ученици и наставници, претставници на над 30 училишта од повеќе градови од земјава ја исполнија салата на Кинотеката на Македонија во Скопје, на свеченото доделување на наградите од конкурсот „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“, кое се одржа на 7 мај 2015 година. Многу насмеани лица, весела атмосфера, но и неизвесност и исчекување: сите се прашуваа – кои училишта ќе ги добијат вредните награди на овој конкурс кој го спроведуваа Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, во соработка со Македонскиот институт за медиуми.
Повеќе: АНИМИРАНИОТ ФИЛМ „ПРИКАЗНА ЗА ЗМЕЈОТ“ ДОБИ СПЕЦИЈАЛНА ПОФАЛНИЦА, ВОН КОНКУРЕНЦИЈА
МАРКЕТИНГ ИНИЦИЈАТИВА НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И ПРОГРЕС
Економијата и правото се навистина интересени области за изучување. Ќе се уверите во тоа особено ако дојдете во скопското економско-правно училиште „Арсени Јовков“. А, можеби и дополнително ќе се заинтересирате за „Арсени Јовков“, ако дознаете за фактот дека ова е првото стручно и единствено училиште во Македонија што учествува во меѓународен проект за претставување на креативноста на учениците преку размена со ученици во странство и работа во интернационални тимови. Проектот насловен како Маркетинг иницијатива на ученици за професионална орентација и прогрес (МИСПОП) го раководи професорот Зоран Златковски.
Повеќе: МАРКЕТИНГ ИНИЦИЈАТИВА НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И ПРОГРЕС