ПРОЕКТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
Во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, во СЕПУГС „Арсени Јовков“ се организираше вториот отворен дел од мултиетничката работилница на тема "United we stand, divided we fall" која се одржа на 04.03.2015 со почеток во 13:30.
Целта на работилницата е да се поттикне и зголеми интеракцијата и соработка помеѓу различните етнички групи застапени во училиштето истовремено насочувајќи ги учениците кон што поголемо проактивно вклучување во општествените теми кои се од заеднички интерес.
Одговорните професори беа Жана Живадиновиќ и Еневер Ајдини во соработка со триесетина ученици од училиштето кои наставата ја посетуваат на двата наставни јазика застапени во училиштето.
ХУМАНИТАРНА ПРОДАЖНА ИЗЛОЖБА НА КУКЛИ ВО НАРОДНИ НОСИИ
На 12 декември 2014 во фоајето на Драмски театар се одржа Хуманитарна продажна изложба на кукли во народни носии, изработени од учениците со помош на професорката по македонски јазик и литература Розита Закева, под мотото Традиција преточена во хуманост. Проектот е финансиран од Министерството за култура, а поддржан од СУГС „Арсени Јовков“. Средствата собрани од овој настан беа донирани на Детската клиника во Скопје.
Повеќе: ХУМАНИТАРНА ПРОДАЖНА ИЗЛОЖБА НА КУКЛИ ВО НАРОДНИ НОСИИ