.

ЗА „ОТВОРЕН КРЕАТИВЕН ДЕН“ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА СЕ БАРАШЕ СТОЛЧЕ ПОВЕЌЕ

otvorendenЗа настанот во Театар „Комедија“ кој беше именуван како „Отворен креативен ден”, се бараше столче повеќе, а атмосферата беше загреана речиси исто како и за претстава на професионалните театарски ансамбли. Публиката имаше можност да ја погледне одличната мулитмедијална изведба на „Бегалка“ од Иљоски во изведба на учениците од СУГС „Арсени Јовков“.
Лени, место Ленче, носи кожна јакна и бега од дома матурата да ја прослави со Бошко, кому, пак, само што не му тргнал бизнисот. Оваа сценска приказна, насловена „Бегалка од 80-те“, направена по мотивите на „Бегалка“ од Васил Иљоски, а зачинета со музика и адаптирани сцени од филмот „Брилјантин“, беше одлична увертира за содржините што следеа во текот на вечерта.

Повеќе: ЗА „ОТВОРЕН КРЕАТИВЕН ДЕН“ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА СЕ БАРАШЕ СТОЛЧЕ ПОВЕЌЕ

ЧЕТВРТО МЕСТО НА НАТПРЕВАРОТ „ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ“

izraziprekumediumiteНа конкурсот „Изрази се преку медиумите“ на кој се натпреваруваа повеќе од 40 средношколци со изработени видеа, фото-приказни и постери на тема „(Де)конструирај ги медиумите: најди го значењето зад пораката“, Ивана Андреева ученичка во трета година го освои четвртото место. Преку медиумските производи средношколците го откриваа најчесто скриеното значење на медиумските пораки објавени на ТВ, радио, печатен или он-лајн медиум и како нивните содржини влијаат врз изборот на младите да купат нешто, да донесат одлуки или да размислуваат во одредена насока. Најдобрите производи ги избираше комисија составена од предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и од медиумски професионалци.

Повеќе: ЧЕТВРТО МЕСТО НА НАТПРЕВАРОТ „ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ“

Марија
Дренковска - Стојановска

 

BRO-baner-14a

 

matura-baner-14

 

2 Logo DIC

 

CSOO-14-web

 

header-mk

 

 

fb